Иако денеска ќе треба да се одржи состанок во владата на Србија по повод евентуален мигрантски бран, претседателот на земјата, Александар Вучиќ наводно веќе дал наредба на војската и безбедносно информативната агенција, да ја затворат границата со Македонија, доколку има бран на мигранти кои веќе неколку дена се обидуваат да влезат во Грција, пренесуваат српските медиуми.
Претседателот на Србија наводно се одлучил на овој чекор поради национална безбедност, пренесуваат медиумите.
Доколку бидат пуштени во Грција, мигрантите се очекува преку Македонија и Србија да заминат во некоја од западно-европските земји.
Поради мигрантите, денеска во Загреб вонредно ќе заседаваат шефовите на дипломатијата на Европската Унија.
