Според последните информации во Србија се регистрирани нови 3.200 случаи на коронавирус, а починаа 52 лица.
Според последните информации од Министерството за здравство, на респиратор се наоѓаат 295 пациенти.
Бројките во Србија се намалуваат, затоа што вчера имаше 3.823 позитивни на Ковид-19, а починаа 49 лица.
Епидемиологот Предраг Кон по денешниот состанок, истакна дека медицинскиот дел од Кризниот штаб е против отворањето на шопинг центрите.
