Србија: Уапсено едно лице поради смртни закани до Вучиќ, упатени преку Фејсбук

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Маж кој се заканувал преку социјална мрежа дека ќе го убие претседателот на Србија, Александар Вучиќ беше уапсен од припадници на БИА во Параќин, соопшти Агенцијата за безбедност.

„Членовите на Безбедносно-информативната агенција, во соработка со Обвинителството за високотехнолошки криминал и Министерството за внатрешни работи, го уапсија М.П. (1990) од Параќин, поради основано сомнение дека сторил кривично дело загрозување на безбедноста од член 138 став 3 од Кривичниот законик Србија“, се наведува во соопштението на БИА.

Осомничениот се товари дека преку социјалната мрежа Фејсбук, меѓу другото, во повеќе наврати директно најавувал и повикувал на убиство на Вучиќ.

Лицето ќе биде задржано  48 часа по консултација со дежурниот обвинител, се наведува во соопштението.