Кризниот штаб на Србија, денеска соопшти дека во земјата се воведува делумен „локдаун“ со затворање од 12 часот во сабота, до понеделник до 06 часот.
Ќе работат само продавниците за храна, лекови и горива, рече членот на кризниот штаб д-р Предраг Кон и додаде дека од понеделник на онлајн настава ќе преминат и средните училишта.
Спортските настани ќе се одржат, ама без публика, а во понеделник се ќе работи како иред воведување на мерките.
Тој напомена дека ова ќе има мал ефект, но нема да биде доволно во целост.
Кон истакна дека само имунизацијата, односно вакцинацијата ќе биде спасот од оваа епидемија.
