Сред лет се запалил ранец: Драма во авион, стјуардесите со херојска реакција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Патнички ранец се запалил во просторот за рачен багаж на летот од Астана до Актау во авион на казахстанската авиокомпанија Флај Аристан, соопшти денеска прес-службата на авиокомпанијата.

Во соопштението се додава дека стјуардесите брзо го изгаснале пожарот во авионот во кој имало 182 патници.

Авиокомпанијата додаде дека авионот безбедно се вратил во Астана, истакнувајќи дека претходно биле објавени информации за правилата за транспорт на преносни полначи.

Fly Aristan е нискобуџетна подружница на Air Aristan и започна со работа во 2019 година.