Средба Бесими – Ангелов: Посветени сме на изградбата на железничкиот дел од Kоридорот 8

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Гаши: Полесно е да се формира ново мнозинство, отколку да се зголеми владиното мнозинство

На прашање од политичките аналитичари вечерва во „Click Plus“ на ТВ21, околу тоа дали е можно да се направи...

Гаши: Би биле дел од Владата, но без ДУИ

Би биле дел од Владата на Заев но без ДУИ и прифаќање на неколку наши барања, велат од Алтернатива. „Доколку...

Гаши: Нема ниту еден пратеник од опозицијата кој ќе се приклучи на актуелното мнозинство во Собранието

Наши пратеници нема да преминат во владиното мнозинство, ниту пак имало преговори со СДСМ, рече вечерва ексклузивно во дебатниот...

Едномесечно бебе најмладата жртва од Ковид-19 во Грција

Бебе старо 37 дена е најмладата жртва од Ковид-19 во Грција, откако помина 17 дена приклучено на апарати на...

Гаши: Владата на Заев е во криза, не може со ова мнозинство да излезе од кризата

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши кој е во коалиција со Алијанса за Албанците на Зијадин Села дебатира вечерва во...

Продлабочување на економската соработка, но и забрзана реализација на значајни инфраструктурни проекти со што ќе се зголеми поврзаноста помеѓу РС Македонија со Република Бугарија, беа тема на разговор на средбата помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов.

„Во областа на транспортната инфраструктура, Владата на Република Северна Македонија е посветена на изградба на железничкиот дел од Коридорот 8. За првата и втората фаза средствата се веќе обезбедени, додека за третата фаза обезбедени се грант средства од ИПА 2 програмата и во тек е постапка за дообезбедување на финансиската конструкција“, рече Бесими.

Воедно, во тек е изградба и модернизација на патната инфраструктура на Коридорот 8, од граничниот премин Ќафасан со Република Албанија на запад па сѐ до граничниот премин Деве Баир со Република Бугарија на исток.

На средбата се дискутираше и за понатамошно подобрување на ефикасноста и ефективноста на јавната потрошувачка преку спроведување на Програмата за реформи во управувањето со јавните финансии, како главна цел на твининг проектот „Зајакнување на буџетското планирање, извршување и функции на внатрешна контрола“ во рамки на кој Министерството за финансии соработува со Министерството за финансии на Република Бугарија, како една од земјите партнери во овој проект.