Средба Пендаровски – Радев: Напредок е возможен само ако во дијалогот влегуваат двајца рамноправни соговорници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Ние работиме така што бараме секакви можности и патишта за наоѓање решение и на најсложените проблеми кои не засегаат. Бугарија е спремна да работи континуирано за градење на мостови помеѓу нашите две страни, за развивање на економските, трговските, образовните и културни врски и најбитното за зближување меѓу луѓето“ посочи бугарскиот претседател Румен Радев.

Инаку бугарскиот претседател Радев, заедно со претседателот Пендаровски се во посета на Италија, а по повод предлогот на европските историчари да се приклучат во работата на Мешовитата историска комисија за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

„Тоа што сме денес со Радев заедно се случува по првпат на највисоко државно ниво, за да бидеме претставени. Сакаме да покажеме дека и на Балканот има луѓе и политичари кои можат да зборуваат со европски јазик за нашите актуелни проблеми и за нашата иднина“, истакна претседателот Стево Пендаровски во заедничката посета на Ватикан со бугарскиот претседател Румен Радев.