Средба Шасивари – Рокас за реформите, фокус на правосудството и обврските кон ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонија има за цел да воспостави нова динамика во реформите за европска интеграција, со посебен фокус на правосудниот систем. Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас.

На средбата се разговараше за спроведувањето на реформите во правосудството, владеењето на правото и исполнувањето на обврските од Реформската агенда и Кластерот „Темелни вредности“.

Шасивари истакнал дека Министерството останува посветено на спроведувањето на препораките на Европската комисија, а беше оценета позитивно и поддршката од Европската Унија преку ИПА-проектите за зајакнување и дигитализација на судскиот систем.

Двете страни ја потврдија определбата за продолжување на соработката во насока на унапредување на реформите согласно европските стандарди.