Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која на која се согласиле долгогодишната соработка да продолжи во повеќе различни области, како и дека преку таквата соработка ќе работат на унапредување на реформските процеси и обезбедување просперитет за граѓаните.
Како што информира владината Прес-служба, премиерот Заев со амбасадорот Која разговарал за состојбата во земјата по одржаните предвремени парламентарни избори и формирањето на новата Влада.
– Заев изрази уверување и посочи дека вториот мандат е одлична можност, Владата во наредниот четиригодишен мандат да продолжи со имплементацијата на заедничките приоритети, членството во НАТО и Европската Унија како и унапредување на добрососедските односи, посветеноста за ефикасно владеење на правото и продолжување на севкупните реформи во земјата за подобрување на стандардот на граѓаните, се вели во соопштението.
