Среде бел ден пукање во Нови Сад, ранет маж

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Околу 10 часот во пукање во Нови Сад, е ранет 30-годишен маж, пренесува Радио 021. Напаѓачот веднаш бил уапсен.

Неофицијално напаѓачите биле познати на полицијата како сторители на повеќе дела.

Според портпаролот на Брзата помош, д-р Зоран Круj, екипата на Брзата помош интервенирала на повик на граѓаните кои го слушнале пукањето, но кога пристигнале на местото на настанот, таму не нашле никој.

Неофицијално, повредениот маж бил пренесен со сопствен превоз до Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина и се наоѓа во стабилна состојба.