Средновековни проблеми во Македонија, во 21 век – ветувања за вода за пиење, канализација, кучиња скитници!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Една недела од почетокот на кампањата за локалните избори, а кога ги слушате ветувањата, тие наликуваат како да се од минатите векови.

Ветувања за вода за пиење, канализација, решавање на проблемот со кучињата скитници или подобрување на условите во училиштата, се ветувањата кои ги слушаме за овие избори.

“…инвестиции за чиста вода и вода за пиење и инвестиции во животната средина…“

“…презентираме и нов регистар на загадување на водата и воздухо…“

“…Ние доаѓаме во општината за да изградиме градинка што ќе биде изненадување за жителите на селото…“

“Земја членка на ЕУ, зборуваме се уште за вода за пиење  24 часа..“

“…Да асфалтираме улици, канализации и да ја уредиме целата инфраструктура, да ги отстраниме кучињата…“

Експертот за односи со јавноста, Гоце Пачемски го нарече несреќа тоа што голем дел од населените места во Македонија се  соочуваат со проблеми од 19 век и не го чуди фактот што граѓаните имаат очекувања за решавање на вакви проблеми.

Кај нас  често се случува да се заборави тоа што било ветено пред неколку години, и истото се ветува повторно, вели аналитичарот Владимир Божиновски според кого менувањето на ваквата традиција може да го направата самите граѓани кои ќе оценат дали се исполнети или не, ветувањата, а потоа да одлучат за кого ќе  гласаат.

Божиновски смета дека целта на локалните избори не е само глас  за партијата, туку за човек кој навистина може да управува со општината. Тој кој што не реализира, треба да се смени, вели тој, а од друга страна, Пачемски вели дека време е партиите да се освестат, во тие 4 години да комуницираат со гласачите, и на крај да донесат решенија, инаку може да се соочат со презир и игнорирање од страна на граѓаните.