Средства за Академијата во буџетот за 2025 – Имери: Може да се повлечеме доколку МАНУ се пополни со Албанци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот човек на општина Тетово Биљал Касами вели дека нема законска пречка општините да ја финансираат Албанската академија за уметности и наука. Запрашан кога ќе се распределат средствата за оваа институција, Касами рече дека финансирањето ќе биде предвидено во општинските буџети за 2025 година.

„Тоа е јасно прашање засновано на закон и врз основа на определбата на четворицата градоначалници на општините кои се обврзаа дека во наредниот период ќе ја поддржат оваа благородна иницијатива. Несомнено, според календарот или динамиката на одобрувањето на буџетот за 2025 година, и ова ќе биде ставено како точка“, вели Биљал Касами.

Пратеничката од коалицијата ВРЕДИ,  Саранда Имери во гостувањето во Дејли Клик за Албанската академија изјави дека можат да се откажат доколку МАНУ изрази подготвеност да се пополни со академици Албанци.

„Се трудиме да го направиме тоа паралелно, но се додека Академијата на науките и уметностите во Македонија изрази подготвеност оваа Академија да биде пополнета со кандидати Албанци, нормално можеме да ја оставиме иницијативата. Но, не можеме да ја оставиме судбината на Албанците во рацете на некој кој ја погази нашата историја, нашиот национален идентитет“, вели Саранда Имери.

Четирите општини предводени од коалицијата ВРЕДИ најавија финансиска помош од општинскиот буџет, но министерот за локална самоуправа, Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ вели дека Законот не го дозволува тоа. Од друга страна, првиот вицепремиер Изет Меџити повика да се следи европската практика и како пример истакна дека во минатото Универзитетот во Тетово се финансирал со пари од општините.