Владата на Србија денеска донесе нови седум мерки во заштитата од коронавирусот. Мерките стапуваат на сила од вторник, а тие се:
- Скратување на работното време на рестораните, кафулињата, баровите, трговските центри, обложувалниците до 18 часот
- Задолжително користење заштитна опрема, носење заштитни маски во затворени простории, како и во отоворени простории кога ќе има меѓусебен контакт
- Забрана за собирања на повеќе од пет лица на затворен и отворен простор. Од овие мерки се изземени работните организации, училиштата, продавниците, трговските центри за кои ќе важи правилото едно лице на 4 метри квадратни
- Овозможување на работа од дома на сите на кои работниот процес овозможува
- Строга контрола на носење маски во јавниот превоз, со ограничување на 50% од капацитетите
- Строга контрола на куќната изолација и самоизолација, како и сите мерки кои се на сила
- Овие мерки се во траење од 10 дена, а доколку има потреба ќе бидат продолжени
Србија во последните денови има над 5.000 заразени, и речиси секојдневно се рушат рекорди по бројот на нови случаи со Ковид-19.
