Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ во стабилна состојба откако колабираше на теренот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ е хоспитализиран откако синоќа загуби свест за време на натпреварот од третата шпанска лига меѓу Кордоба и Расинг Ферол.

Фудбалерот на Кордоба и брат на српскиот репрезентативец Немања Гудељ, колабираше на теренот во 13 минута од натпреварот, но лекарите со брза интервенција го вратија во свесна состојба и итно го пренесоа во болница.

Фудбалскиот клуб Кордоба соопшти дека здравствената состојба на 26-годишниот српски дефанзивец е стабилна, но е задржан во болница на детални испитувања.