Повеќе медиуми на српски јазик, меѓу кои Еуроњуз, Б92 и Мондо, објавија вест дека починал Ратко Младиќ, кој издржуваше доживотна казна затвор во Хаг за воени злосторства извршeни за време на војната во Босна и Херцеговина.
Веста сѐ уште не е потврдена официјално од Судот во Хаг, ниту од меѓународните медиуми и агенции.
Инаку, Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови во Хаг официјално го отфрли последното барање на одбраната за негово предвремено ослободување или префрлање на лекување во Србија поради нарушена здравствена состојба. Претседателката на судот, Грасиела Гати Сантана, пресече дека нема доволен основ за ваква исклучителна мерка, потенцирајќи дека тој ја има целата неопходна медицинска нега во притворската единица во Хаг.
Младиќ пред Хашкиот трибунал беше осуден по 10 од вкупно 11 точки од обвинението и прогласен за виновен за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војувањето. Судскиот совет утврди дека тој бил клучен учесник во четири Здружени злосторнички потфати (ЗЗП), чија цел била трајно и насилно отстранување на Бошњаците и Хрватите од териториите во Босна и Херцеговина.
Кривичните дела за кои е прогласен за виновен се поделени во четири главни категории: Геноцидот во Сребреница (Точка 2) Масакр врз цивили: Утврдена е неговата директна одговорност за организирање и егзекуција на повеќе од 8.000 бошњачки мажи и момчиња во Сребреница во јули 1995 година, како и за етничко чистење при што Судот пресуди дека Младиќ имал конкретна намера да го уништи бошњачкото население во оваа енклава, што се квалификува како геноцид.
Во јуни 2021 година, Апелацискиот совет во Хаг ја потврди конечната казна доживотен затвор за Младиќ за геноцидот во Сребреница, воени злосторства и злосторства против човештвото извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.
