Специјалец на српската војска е тешко повреден при вежба на Дунав-Тиса-Дунав, додека друг специјалец паднал во водата и се трага по него, соопшти Министерството за одбрана.
Во соопштението се наведува дека инцидентот се случил околу 12:15 часот при редовни вежби за слетување од хеликоптер на водната површина на каналот Дунав-Тиса-Дунав, во реонот на воениот комплекс Орешац.
Повреден специјалист во болница
Вежбата ја изведоа припадници на 72 бригада за специјални операции. По укажаната прва помош, повредениот специјалец е пренесен во Општата болница во Вршац, пишува Телеграф.
Од Министерството најавија дека јавноста подоцна ќе биде информирана за состојбата на повредениот специјалец и за резултатите од потрагата.
