ССМ продолжува со штрајкот, подготвуваат тужба против Влада – Тренчевска: Ќе понудиме нова методологија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ССМ продолжува со штрајкот за покачување на платите. Тие велат дека не се откажале и дека ќе го продолжат штрајкот се до исполнување на целта. Подготвиле колективна тужба за Владата која според нив не ги реализира основните барања на јавната администрација. Не се исклучува можноста за радикализирање на протестот, велат од Синдикатот.

„Денеска одиме кај градоначалникот да се согласиме за платата, со локалната самоуправа каде што има резултати, потпишавме колективен договор, а до владата ќе испратиме колективна тужба. Штрајкуваме во Здравство, судските органи, сите во администрација штрајкуваат. Планираме да го радикализираме протестот“, велат од ССМ.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска рече дека социјалниот дијалог е отворен и продолжува и натаму. Додаде дека во интерес е да се покачат платите но дека веднаш треба да се има системско решение.

Министерката најави дека оваа година за јавната администрација се предвидува К-15.

Инаку ССМ бара покачување на платите за 2.806 денари.