Стадионот во Тетово готов за една и пол година, главните фактори за изградбата дојдоа да ги видат работите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дојдоа да ги видат работите на стадионот во Тетово.

Градоначалникот на општина Тетово, го пречека Лазим Дестани, сопственик на компанијата „Еколог“, и претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ — трите фактори кои работат на изградбата на „домот“ на ФК Шкендија.

Во знак на почит, таму пристигна и претседателот на Фудбалската федерација на Албанија Арманд Дука, и претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми.

Омерагиќ рече дека за една и пол година стадионот ќе биде готов.

„Во моментот Шкендија е шампион на државата и ја претставува Македонија во Европа. ФФМ одлучи да се вклучи во овој проект и во доменот на монтажата, седиштата и покривањето на трибините во фази — тука ФФМ ќе се вклучи преку соодветните фондови што се од ФИФА и УЕФА. Гледам дека проектот оди со брзо темпо и се надеваме дека за една и пол година овој стадион ќе биде готов. Потоа овде да можат да играат екипите од Тетово, како Шкендија и Тетекс, и нормално — овде да ја донесеме и фудбалската репрезентација на Македонија.“, рече Омерагиќ.

И градоначалникот Касами очекува работите да завршат во рок.

„Јас силно верувам дека во роковите од договорот овој стадион ќе биде завршен, и дека не само Шкендија, туку во Тетово ќе донесеме големи екипи, репрезентации на држави, со што Тетово ќе го вратиме во центарот на фудбалот.“, изјави Касами.

„Првата точка беше кога се разговараше на почетокот дали ќе се гради или ќе се реновира. Јас го пресеков тоа. Реков — ако го правиме, да го правиме нов од нула, за да биде стадион што му прилега. И второ е да се забрза работата. Ќе бидам тука блиску за да се работи што побрзо, за уште пред рок да се игра на новиот стадион.“, вели Дестани.

„Бев неколку пати на овој стадион, сум следел натпревари и навистина беше стадион во многу лоша, речиси мизерна состојба. А сега е еден убав проект, за кој верувам и сум убеден дека ќе оди напред со многу добра соработка на трите фактори — градоначалникот, компанијата ‘Еколог’ и поддршката на ФФМ.“, изјави Дука.

Дука не дојде „празни раце“ од Тирана.

Тој им подари персонализирани дресови од Албанската репрезентација на Лазим Дестани, Масар Омерагиќ и Билал Касами.

Инаку, досега стадионот во Тетово не ги исполнуваше критериумите на УЕФА, па Шкендија беше принудена меѓународните натпревари да ги игра во Скопје.