„Стандардот како во Африка, цените како во Европа“ – СКСЗМ: Владата да помогне со зголемувањето на платите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И печалбарите кои се вратени во нивниот роден крај забележуваат поскапување на живеачката во РСМ. Велат дека тука животниот стандард е многу низок, а цените се како во Европа.

Таму има стандард и не ги чепкаат основните цени, таму цените се реални, а овде нема цени и треба да го прашате продавачот и не можеш да знаеш дали цената е реална или не.

Дали нашите цени се како во Европа?

Да, цените се европски.

Сретнавме граѓани кои живеат во Африка.

Јас сум во Африка.

Каква е разликата на цените овде и таму?

Истиот стандард, платите се малку пониски, но стандардот е ист.

Дали забележувате разлики дека има покачување на цените?

Не забележувам да ви кажам право, но јас никогаш не купувам овде.

Но треба да пратите повеќе пари?

Да, вистина е, јас самиот не забележувам, но има луѓе кои страдаат, а тоа го гледам. А колкава е разликата не знам. Доколку сметаш дека има некакви промени, оди во општина, болница и пошта и таму можете да ги забележите разликите.

-Мислам дека цените се зголемени, мислам дека животот е станат потежок.

-Вие живеете надвор, забележувате промени во цените.

-Да, кога доаѓаме гледаме многу луѓе и не можеме да забележиме, но мислам дека има криза. Дали се цените европски? Мислам дека достигнаа кулминација, цените се европски.

Од СКСЗМ бараат владата да помогне за покачување на платите во приватниот сектор.

„Имаме и други предлози околу платите, бараме да се направат измени. Затоа што се наоѓаме во многу тешка ситуација и со претседателот разговаравме за работната сила која ја напушта државата и бараме Владата да се вклучи тука и да ги намали придонесите кои се едни од најголемите пенали за зголемување на платите во Република Македонија. Бараме бизнисот, приватниот сектор да ги зголемат платите, бидејќи овој проблем на работната сила, кој е многу актуелен, верувам дека можеме да го решиме“, вели Менди Ќира.

Инаку, иселениците врз основа на пресметките,  во Македонија внесуваат околу 2 милијарди евра годишно, со што се намалува економската криза во многу сектори, особено во летната сезона.