„Стапката на смртноста е пониска за разлика од сезонскиот, меѓутоа коронавирусот многу лесно се пренесува од човек на човек“, вели Татеши

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Речиси нема разлика меѓу вирозите кои ни беа познати пред појавувањето на коронавирусот. Докторите велат дека е прогласена пандемија бидејќи не постои континент каде коронавирусот не е појавен.

„ Стапката на смртноста е многу пониска за разлика од сезонскиот грип, меѓутоа многу лесно се пренесува од човек на човек, бидејќи друг начин на пренесување нема. Тој вирус нема ниту нозе, ниту велосипед, ниту автомобил, се пренесува исклучиво преку човек. И затоа незалудно се и препораките за изолација“, вели доктор Беким Татеши во вечерашното издание на „EU Click“ на ТВ21.

Нашиот вечерашен гостин вели дека не само во Македонија, туку и целиот регон го потценил вирусот.

„Не само Македонија, туку и земјите во регионот, не само обичните луѓе, туку и самите специјалисти од областа како да го потценија вирусот и го примија некако неподготвено“, додава Татеши.

Како најголема грешка во светот експертите го посочуваат фудбалскиот натпревар меѓу Валенсија и Аталанта, каде според извештаите ретко кој денес го нема смртоносниот вирус.