Вака изгледа скопската Стара чаршија навечер по ифтар. Преполна со живот и млади.
„Светиот месец на Рамазан ја заживеа старата чаршија во Скопје. Зад мене можете да забележите многу млади кои чекаат ред за да седнат во кафетерии. Сега ќе ги прашаме за атмосферата и зошто се собрале токму во старата чаршија?“, вели репортерката на ТВ21
„Убаво се забавуваме, во чаршијата има добра атмосфера и затоа излегуваме, Скопје отсекогаш било добро место за Рамазан затоа што верските ритуали се многу поважни во Скопје отколку во другите денови“, вели Зекирија Ислами.
Зошто мислиш така?
„Не знам, во Скопје се создаде убава атмосфера за Рамазан и верувам дека се чувствуваме добро во оваа позитивна атмосфера“.
И доаѓањето на печалбарите ја раздвижи повеќе Чаршијата. Беким Ајдари кој живее надвор од земјата вели дека за празниците секогаш се враќаат дома.
„Овде сме најчесто за Рамазан и за празници, бидејќи таму нема ни џамија, не можеш да одиш во џамија, исто така поради работата не можеме да постиме, овде послободни сме. Мислам дека е подобро овде, таму си сам, немаш многу, овде со семејство со друштво со твојот круг со сите, подобро е овде“, вели Беким Ајдари.
„Од мали сме израснати во чаршија, нонстоп сме, но во месец Рамазан има повеќе луѓе, особено од странство кои се дојдени“, вели Невзат Љамалари.
Дали следите верски ритуали, одите во џамија?
„Ги следиме, од 12 месеци, 1 месец се обидуваме да бидеме поактивни, иако сме и други месеци, но овој месец сме поактивни“.
А во текот на денот, особено наутро не можеш да сретнеш човек.
„Преку ден нема никој, ми смета тоа што повеќето од луѓето спијат, како да го користат Рамазан за одмор“, вели Исмет Рамадани
Инаку оваа улица во Старата скопска чаршија последниве години заживеа повеќе со кафетерии кои постојано се полни со млади луѓе.
