Само во текот на ова зимска сезона, противпожарната единица во Тетово интервенирала околу 40 пати за гаснење на не чистените оџаци. Пожарникарот Ука Алити, апелира до сите граѓани да ги исчистат оџаците барем 2 пати годишно за да се избегнат пожари кои можат да бидат фатални по човековиот живот. Тој исто така апелираше за греење да не палат стар мебел бидејќи освен што предизвикува пожар, штетен е и за животната средина.
„Обврска на нашите граѓани, која е и законска обврска, е барем двапати да го исчистат оџакот на куќата или зградата каде што вршат разни бизниси, бидејќи сега знаеме дека температурите се ниски и граѓаните користат грејни уреди како што се дрвјата, но во повеќето случаи земајќи ја предвид економската состојба на нашите граѓани, тие не избираат средства за греење, па палат и отпад или отпад од мебел, кои се многу штетни и ја загадуваат животната средина но исто така претставуваат голем ризик за пожар“, изјави Ука Алити – противпожарна единица Тетово.
