Додека Starlink, сателитската интернет услуга развиена од SpaceX, ги проширува операциите во балканскиот регион, Босна и Херцеговина може да остане единствената земја што не е опфатена со оваа сателитска услуга.
Косово стана последната земја во регионот што ја покрива Starlink, објави во саботата Илон Маск.
Најавата ја поздравија претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти, кои оценија дека тоа е важен чекор за напредокот на дигиталната инфраструктура.
Откако Црна Гора и Србија ќе се приклучат на Старлинк следната година, Босна и Херцеговина би можела да остане единствената земја во регионот која нема да има пристап до оваа интернет услуга, се наведува на веб-страницата Старлинк.
Сателитската мапа на интернет покриеност покажува дека Starlink го покрива речиси целиот европски континент.
За Црна Гора и Србија беше наведено дека Starlink ќе биде активен во овие земји во 2025 година.
За Босна и Херцеговина пишува дека „тековно е непознат датумот на услугата“.
Во септември, Starlink го изрази својот интерес за влез во пазарот и понудата на јавни услуги за пристап до Интернет до крајните корисници.
Но, тогаш Регулаторната агенција за комуникации (РАК) објави дека компанијата не аплицирала за потребните дозволи за да продолжи со работа во земјава.
Претходно, Хрватска (ноември 2021), Северна Македонија (јуни 2022) и Албанија (април 2024) се приклучија на Starlink.
Starlink е брз сателитски интернет чиј сигнал се испраќа до земјата со помош на сателити формирани како соѕвездие и лоцирани пониско од стандардните сателити.
Овие сателити овозможуваат брз пренос на податоци во руралните области каде што нема инсталирана физичка интернет инфраструктура.
Проектот Starlink, кој се состои од повеќе од 5.000 сателити, е обид да се премости дигиталниот јаз и да се обезбеди пристап до Интернет на недоволно опслужените заедници ширум светот.
