Директорната на Националната галерија на Македонија Дита Старова-Ќерими во „EUclick“ на ТВ21 посочи дека во кризи како оваа, во историјата на уметноста, секогаш произлегувале колосални дела.
„Големите уметници ги создавале колосални дела на кои ние денеска им се восхитуваме во светските музеи. Мислам дека ќе има резултат и од уметничкиот аспект, кој ќе се одрази и ќе вроди со плод и за еден документарец кој ќе остане во нашите архиви и сеќавања како уметници“, додаде Старова-Ќерими.
