Стартува македонскиот фудбалски шампионат, Шкупи и Шкендија најсериозни кандидати за титулата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска со натпреварите од 1. коло, стартува 30-тиот македонски фудбалски шампионат. Првенството почнува без Вардар, кој испадна од прволигашката конкуренција по ланската слаба сезона.

Шкупи и Шкендија според сите најави, ќе ја водат главната битка за титулата. Шкендија ќе сака да ја одбрани освоена минатата сезона, но оваа година ќе има сериозна конкуренција во тимот од Чаир предводен од Гоце Седлоски кој освојуваше титули со Вардар.

Шкендија се реши за тренерска смена пред почетокот на првенството, и го врати Бруно Акраповиќ на клупата.

Од сенка исто така дека нешто може да стори се надева и Академија Пандев, а за местата во Европа, се чини, ќе се борат и Струга Трим Лум, Македонија ЃП, можеби и Ренова и Работнички, а респектабилен тим направи и тимот на Брегалница.

Двојки за 1. коло ПМФЛ, денеска 17:30ч.:

Брегалница – Шкупи

Македонија ЃП – Пелистер

Работнички – Борец

Ренова – Скопје

Тиквеш – Шкендија (се игра во Прилеп)

Академија Пандев – Струга ТЛ (се игра во 20:00 ч.)