По бројните ветувања, најпосле е означен почетокот на работата на стадионот во Зајас.
На почетокот беше функционален, но потоа се претвори во вистинска депонија. Реконструкцијата почна во 2011, но потоа како да се заборави дека постои.
ТВ21 првпат ова прашање го покрена во 2020 година , а оттогаш постојано бараше сметка од надлежните институции за незавидната состојба на стадионот.
Заменикот-директор на Агенцијата за млади и спорт, Амир Биљали, вели дека во моментов кога стапил на должност и ја видел сторијата на ТВ21 веднаш се заангажирал за исполнување на ветувањето.
-Разговаравме често. Во првиот разговор ветив дека стадионот во Зајас ќе почне годинава. Ова всушност не беше мое ветување, туку потреба која датира од поодамна, потреба на сите жители на Зајас да добијат соодветен и модерен стадион, вели Биљали.
Компанија која го доби тендерот има рок од 6 месеци да го заврши проектот, но супервизорот на градежните активности во координација со компанијата уверува дека работата ќе заврши за 3 месеци.
Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, вели дека оваа инвестиција е важна за жителите од овој реон.
-За завршувањето на оваа фаза од изградбата на теренот и објектот на стадионот, секако дека потоа остануваат и други работи за нас како институција заедно со другите надлежните органи, како што е Фудбалската федерација со цел да го довршиме стадионот со сѐ што е потребно, вели Дехари.
Стадионот во Зајас се реконструира со средства од Агенцијата за млади и спорт, а вкупната сума за теренот и објектот изнесува 130 илјади евра.
