Стартуваше економски магазин „21МИНУТА“, буџетските проекции – реални или изнудени?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дали домашниот Буџет е реален или изнуден во услови на Ковид пандемија и дали ќе бидат потребни нови задолжувања во иднина? Ставовите на експертите и власта различни. Во економскиот магазин – 21 минута, заменик министерот за финасии, за идната година најавува намалување на јавниот долг.

„За следната година планираме буџетски дефицит од 4,9 проценти од БДП или за 3,6 проценти помалку во однос на буџетскиот дефицит кој ќе го имаме до крајот на 2020 година.“, вели Ковачевски.

Подготвени сме на различни сценарија со развојот на кризата, но не очекуваме ревидирање на државната каса пред првото полугодие од 2021 година, потенцира Ковачевски. Во однос на потребата од нови задолжувања,потсети дека следното лето доспева за отплата Еврообврзницата од 500 милиони евра, издадена во 2014 година а неизбежен е и домашниот долг во износ од 6,1 милијарда денари. Ова, според Ковачевски, ќе ја диктира потребата од нови задолжувања.Експертите со спротивставени ставови.

„Оваа година ќе имаме големо намалување на економијата,голем пад,длабок пад од над 5 процент. Ме изненади што не само домашните институции,министерството за финансии,Народната Банка во првите оценки беа пооптимисти дека ќе имаме намалување од 3,5 проценти на БДП.“, рече Маја Кадиевска-Војновиќ.

Поранешната вицегувернерка на Народна Банка потсетува, дека Власта реално требаше да го процени падот на БДП со цел обезбедување на поголема поддршка на приватниот сектор.Според неа предноста на мала економија како нашата е што имаме стабилен курс на денарот кој и во вака тешки услови е загарантиран.Сме издржале многу кризи,ќе ја издржиме и оваа потенцира, Војновиќ