Доколку сакате топли и ладни десерти, тогаш овој сладолед е за вас – комбинација од ладен кремаст сладолед и крцкава топла кора од корнфлекс.
Состојки
600 гр сладолед од ванила
230гр. корнфлекс, мелен
1 лажичка цимет
3 белки
2 литри масло за пржење
Подготовка
Користете поголема топка за сладолед за да направите 8 топчиња сладолед (нека бидат со големина на тениско топче).
Ставете ги на хартија за печење и ставете ги во замрзнувач еден час.
Измешајте корнфлекс и цимет во плиток сад.
Во друг сад изматете ги белките додека не станат пенливи.
Замрзнатите топчиња сладолед валкајте ги во белките, па во снегулките, покривајќи го целосно сладоледот.
Доколку е потребно, повторете ја постапката. Повторно ставете во замрзнувач 3 часа, додека целосно не се замрзнат.
Во тава или во големо тенџере загрејте го маслото на 190 степени.
Пржете една до две топчиња во круг, 10 до 15 секунди, додека не поруменат.
Извадете ги на хартија за да се исцеди вишокот масло. Послужете веднаш.
