Стефан Ристовски поради несогласувања со тренерот, заминува од Спортинг Лисабон?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стефан Ристовски е блиску да ја напушти екипата на Спортинг Лисабон, откако влезе во конфликт со тренерот Рубен Аморим.

Ристовски не беше во комбинација за натпреварот со Пасош Фереира, и тоа многу го налутило, и му соопштил на тренерот, кој не бил задоволен од неговото залагање на тренинзите. Дошло и до конфликт, и сега Спортинг го острани од првиот тим, и веројатно ќе го продава.

За него веднаш се појави информација дека е заинтересиран Ваљадолид, како и турскиот тим Бешикташ.