Вакцините Дитепер за возрасни стигнаа во земјава. Од денеска возрасните кои сакаат да се вакцинираат, тоа можат да го сторат во вакциналните пунктови. Министерот за здравство, Илир Демири вели дека ќе ја потпише одлуката на КЗБ за вакцинација на децата и истакна дека и без негов потпис, оваа одлука ќе биде валидна.
Од друга страна, Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонредни контроли во градинките за да види дали се почитува одлуката невакцинираните деца или делумно вакцинираните да не се примаат во градинките. Директорката на Инспекторатот, Рената Младеновска соопшти дека во Скопје најмалку деца се вакцинирани, околу 50%, во споредба со другите градови каде процентот е над 95%. Младеновска оцени дека родителите во другите градови се поодговорни.
Од 8 до 14 март пријавени се 43 нови случаи со голема кашлица, со пад од 14% во споредба со пред една недела. Повеќето се во Скопје додека случаи има и во Тетово, Гостивар и Битола. Возраста на пациентите се движи од 10 до 14 години. Од 50 нови случаи, 5 се хоспитализирани. Станува збор за 4 деца помали од 1 година и едно од возрасна група од 1 до 4 години.
