Стигнаа нови вести од Италија за здравствената состојба на Папата Франциск

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Папата Франциско е на пат кон целосно закрепнување, а неговата здравствена состојба се подобрува, соопшти денеска претседателот на италијанската бискупска конференција, кардиналот Матео Марија Чупи.

Тој рече дека Ватикан бил транспарентен во своите најави за здравјето на папата.

„Фактот што папата појадуваше, читаше весник, прими луѓе значи дека тој оди во вистинската насока за целосно закрепнување, што се надеваме дека ќе се случи наскоро“, рече Чупи, пренесе АНСА.