Сточарите протестираат, бараат субвенции – се заканија дека ќе ја пуштат стоката пред Влада

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сточарите од Полошкиот регион протестираа на патарината на автопатот Гостивар – Тетово. Тие бараат субвенции и се заканија дека доколку до четврток не ги пуштат субвенциите стоката ќе ја пуштат пред влада.

„Државата не ја бидува, тие што се во фотелја, се школувале за да крадат, парите не ни ги дале за 2018, 2019, 2020. Овие се шегуваат со нас. Ние ги седнавме во фотелја бидејќи тие зависат од нас, ако не нека станат од таму бидејќи државата не ни помага туку не гази.
Наша желба беше да имаме разбирање со Владата, премиерот, Министерот за земјоделство, за да се направи исплатата на субвенциите за 2020 година, ние им дадовме рок, но тие не ни одговорија затоа од денеска до четврток ќе ги радикализираме протстите и доколку е потребно со нашата стока ќе одиме пред Влада и ќе им ги дадеме како поклон и нека се грижат тие за стоката. Не бараме ништи освен парите кои ни следуваат со Закон.“

„За 2020 не сме земале воопшто субвенции, имаме многу маки. Бараме побрза исплата на субенвиите за да ги храниме овците. Ние немаме каде да ги испратиме овците, еден метар снег има по планините, каде да одиме.“

„Сите овие сточари кои се околу мене се во голем ризик. Младината избега, нема работници, овие треба да се тргнат бидејќи утре ќе им ги испратам“

Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа во телефонски разговор рече дека тој е подготвен да се сретне со сточарите и да ги слушне нивните маки. Според Хоџа сточарите се корисници на втора по ред најгоелма субвенција во државата каде за нив државата издвоила над милијарда денари. Хоџа рече дека едно нешто е сигурно дека субвенциите ќе се исплатат во текот на оваа година.