Денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов се сретна со генерал-мајор Грегори Најт, командант на Националната гарда на Вермонт, САД.
Од ЦУК информираат дека врз основа на досегашната повеќегодишна соработка се разговарало за проширување на соработката и можностите за поддршка во реформите на Системот за управување со кризи на стратегиско и тактичко ниво, со особен акцент на обуката.
„Центарот за управување со кризи е во процес на воспоставување Центар за обука, се разговараше за размена на искуства и поддршка во развој на програми за обука и инструктори“, додаваат од таму.
