Стојаноски: Ископот на антимон не е закана за животната средина, сите постојни механизми за нејзина заштита остануваат во сила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски уверува дека предложените измени на Законот за минерални суровини не се закана за животната средина, бидејќи, како што истакна сите постојни механизми за нејзина заштита остануваат целосно на сила. Ваквата реакција следи откако опозицијата и бројни еколошки здруженија реагираа дека ископувањето антимон од рудникот кај Крива Паланка претставува висок ризик за животната средина и здравјето на граѓаните.

„Овие измени не претставуваат дерегулација, ниту намалување на заштитата на животната средина. Предложените измени се прецизно таргетирани, ограничени по опфат и јасно дефинирани, и се однесуваат исклучиво на јавни претпријатија, односно субјекти врз кои државата има директна или индиректна контрола, и на минерални суровини од јавен интерес, пред сè енергетски минерали и други ресурси со стратешко значење за државата“, изјави Стојаноски.