Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски е соговорник во „Дејли Клик“ на ТВ21.
Првата тема на која дебатиравме беше балансерот, и негово укинување.
„Истече рокот на балансерот, ги слушаме реакциите, со ваквото решение се рушат сите права, затоа што со ова решение се злоупотребуваше. Имавме комични ситуации, се пишуваа со друг етнички идентитет, само да се вработат. Вчерашната изјава за министерот Фетаи беше детална, да направиме механизам законски решение кои ќе бидат инволвирани сите, кој би бил донесен со конзензус во парламентот“, рече Стојаноски.
Тој одговори на критиките на ДУИ околу укинувањето на оваа алатка.
„ДУИ прво креираат тема од 19 век сакајќи да ја национализираат, но не може да ја национализираат, веќе се прочитани. Не може некој кој бил во владата 20 години, кој имал многу прилики да го менува механизмот, сега прв да реагира“, рече Стојаноски.
