Стојанов: Правиме исто што и целиот свет, сите имаме иста мака

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во интервју за ТВ21, директорот на Центарот за јавно здравје Александар Стојанов истакна дека нашата земја прави она што сите го прават низ целиот Свет, и дека сите се погодени од коронавирусот.

„Правиме исто што и целиот Свет. Сите ја имаат оваа мака. Секаде се зголемени бројките, смртните случаи, хоспитализираните. Цело време апелираме да се почитуваат мерките, кои се едноставни. Ама изгледа дека е многу тешко, и луѓето не ги почитуваат мерките“, рече Стојанов.