ТВ21 е во Батинци, каде утрово се случи убиство, при што е убиен 34-годишник, а неговиот брат 31 година се бори за живот на Клинички центар.
Информациите врлат дека убиените биле во џип „Форд“ со италијански таблици, а во нив пукале две лица од возило „Мерцедес“, кои биле маскирани и веднаш се дале во бегство кон село Драчевица.
На лице место загинало лицето А.Б.И., додека пак неговиот брат З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје.
СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.
