Стотина родители со нивните деца протестираа пред Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Бараа да не се полага приемниот испит, бидејќи како што велат, ризик е да се одржи во време на пандемија. Испитот, како што рекоа, е и дискриминирачки, бидејќи истиот не важи и за македонските паралелки. Едно од барањата беше да се отвори уште една паралелка за медицински сестри на албански јазик.
„Испитот ќе се одржи со физичко присуство, што не е праведно, бидејќи сме во опасност од вирусот во оваа пандемија. Другата страна не полага, и ние имаме еднакви права. Ние сме повеќе на број, па затоа бараме да се отвори паралелка на албански јазик“, истакна Дурата Али.
„Како е можно 165 ученици со просек 5.00 со 75 бодови и да не се отвори уште една паралелка? Ова е апсурдно“, вели родител.
Откако неколкумина родители влегоа на консултација со претставниците на Министерството за образование, одлучија децата сепак да влезат и да полагаат приемен испит.
„Можеме ли да донесеме одлука како Одбор? Јас сум за одржување на тестирањето. Јас сум, но учениците дојдоа со добри оценки. Ученикот не е виновен, сите знаеме. Јас гарантирам за мојот син, не учеше дома, не сакам да му остане петка по хемија. Гледате? Направете анализа во основните училишта како се „пумпаат“ оценките за учениците. Оние кои се спротивставија најжестоко, можеше да им се забележат солзи во очите“.
Оние кои задоцнија, им беа побарани пасоши за идентификација. Но, целата оваа мешаница заврши без интервенција на полицијата која цело време беше присутна. Ги прашавме родителите – зошто првично рекоа дека ќе бојкотираат, а потоа дозволија учениците да влезат на полагање?
„Состојбата се промени, бидејќи имаше недоразбирање меѓу родителите. Внатре влегоа 5 родители. Имаше една госпоѓа од Министерството, беше како надлежна за сите средни училишта и таа замоли. Рече – ве молам да дозволите учениците да полагаат приемен испит. Ние родителите разговаравме. Двајца бевме „против“, а тројца „за“. Оние кои беа „за“ беа партиски луѓе“, вели родител.
Новинар: Побаравте средба со директорката?
Родител: Побаравме, но никој не ни се јави.
Ја побаравме директорката на училиштето, но таа кога ги виде камерите се врати назад и ја затвори канцеларијата. Од МОН не сакаа да се произнесат, бидејќи како што велат, приемниот испит не е ништо ново во ова училиште и дека истиот бил најавен уште од март.
Приемен требаше да полагаат и учениците од „Орце Николов“, но беше откажан поради безбедносни причини. Инаку, протестот е резултат на тоа што во првиот уписен рок за смерот – медицинска сестра, се пријавиле 164 кандидати, но со оглед на тоа што оваа бројка го надминува бројот на трите активни паралелки, беше одлучено селекцијата да се направи преку приемен испит.
