Селото Будинарци неуморно го чуваат пожарникарите од Австрија, Словенија и Бугарија.
Ова е селото кое синоќа беше во опасност да биде зафатено од пламените јазици.
Над селото, неколку метри од атарот, вработените на „Национални шуми“ се на готовс во случај пожарот да излезе од контрола. Со оглед на тоа што теренот беше тешко проодлив, за да стигнеме што поблиску до местото на пожарот, мораше да одиме со теренско возило.
-Изминатава ноќ беше најкритична за жителите на Будинарци, но и денеска состојбата не е ништо подобра, иако пожарот е подалеку за разлика од синоќа. Синоќа пожарот го пеплоса речиси целиот атар над селото Будинарци-јавува репотерот на ТВ21.
Во првите борбени редови се неколку вработени во „Национални шуми“ кои останаа да го нагледуваат местото.
Поради тешко проодниот терен, во овој предел интервенцијата се врши само со хеликоптер и авион. Во гаснењето на пожарот учествуваат хеликоптерите на АРМ, авионите кои пристигнаа од Романија, пожарникарите на Австрија, Словенија, принадници на македонската армија, полиција, доброволци и жители на селото.
