Стотици закони чекаат да бидат изгласани, по речиси еден месец одмор, повторно нема мнозинство на седниците

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По четири недели пауза, во Собранието закажани се четири продолженија на пленарни седници. Но собраниската сала е полу-празна и се поставува прашањето за обезбедување на кворум. Во меѓувреме голем број закони чекаат на усвојување. Иако беше најавено дека ќе се свика посебна седница на која ќе се обезбеди мнозинство за гласање тоа се уште не може да се реализира.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски констатира дека владиното мнозинство се уште има проблеми во своите редови.

„Проблемите во владиното мнозинство се уште не се надминати затоа што доколку беше обратно очекував дека денеска ќе закажевте продолжение на 34 седница, која имавме обид да ја почнеме на 16 февруари 2021 година, на која на дневен ред има повеќе од 70 точки“, вели Мицевски.

Дека проблеми има со владеачкотото мнозинство тврди и пратеникот на Алијанса за Алнаците Хаљиљ Снопче.

„Владеачкото мнозинство нема капацитет да одржи седници. Ако еден месец нема седници а во комисиите се натрупени огромен број на на стотици закони, значи немаат капацитет. Тие не се во состојба да се соберат кворум. Не се способни да соберат 61 пратеник“, вели Снопче.

Собранискиот спикер Талат Џафери кој претходно отворено проговори дека поради одредени внатрепартиски несогласувања пратеници од ДУИ не доаѓаат во Собранието сега вели дека седници не закажувал за да може комисиите да имаат доволно време да работат. СДСМ уверува дека парламентарното мнозинство е стабилно дека мнозинството е тука, но дека опозицијата е таа која ја опструира работата на собранието.