Туристи од Србија, Бугарија, Грција и Албанија дојдоа да ја поминат новогодишната ноќ во туристичките градови на Македонија. Во Охрид и Струга сите хотелски капацитети се исполнети. Стружаните Новата година ќе ја дочекаат во кругот на семејството. Упатија честитки за добро здравје, бидејќи како што велат, сѐ друго ќе си дојде само по себе.
Но, Охрид брои повеќе странски туристи. Велат дека доаѓаат тука бидејќи им е многу познат град.
„Дојдов во Охрид, многу Срби доаѓаат тука со друштво“.
„Сите доаѓаат на ова место. Многу е добро. Сите Срби доаѓаат тука“.
Директорот на Агенцијата за поддршка на туризам, Љупчо Јаневски вели дека градовите во Македонија треба да се натпреваруваат меѓу себе за новогодишните празници.
Во центарот на Охрид ќе се одржи концерт со познати имиња од македонската музичка сцена со почеток во 20 часот. Во Струга пак нема некоја посебна организација освен концертот што ќе го одржат општинските основни и средни училишта.
