Страшен пад пред настапот на Зубчиќ – вознемирувачки сцени ја запреа трката

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Гигантскиот слалом во Аделбоден однесе уште една жртва. По силниот пад на Лукас Братен во петокот, денеска настрада американецот Томи Форд.

Форд стартуваше четврти, непосредно пред Филип Зубчиќ, но не ја заврши трката.

Форд заврши во заштитна ограда непосредно пред целта, а трката беше прекината поради тоа. Продолжение сè уште се чека.

Последните информации говорат дека Форд е пренесен во болница со хеликоптер, и се уште не е позната тежината на повредата.