Страшни вести од САД: Почина 35-годишниот Вонте Дејвис

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вонте Дејвис почина на 35-годишна возраст. Како што пренесуваат странските медиуми, поранешниот американски рагбист бил пронајден починат на имотот на Флорида.

Во тек е истрага за смртта на поранешниот член на Мајами Долфинс, Индијанаполис Колтс и Бафало Билс.

  • На мојот пријател од детството и мојот брат нека им е вечен мир. Зборовите не можат да искажат како се чувствувам во овој момент. Беше единствен и полн со живот. – напиша неговиот пријател Боби Мејс.

VSVN објави дека машко тело било пронајдено денеска во домот, сопственост на бабата на Дејвис во југозападна Флорида.

Дејвис беше избран со 25-ти вкупен пик на драфтот на НФЛ 2009. Тој играше за Делфинс, Колтс и Билс.

На 16 септември 2018 година, за време на натпреварот помеѓу Бафало Билс и Лос Анџелес Чарџерс, Дејвис се пензионираше во текот на првото полувреме, велејќи дека е „готов“.

По натпреварот тој потврди дека ставил крај на кариерата. Дејвис подоцна прокоментира дека неговото ненадејно пензионирање се должи на ненадејното сфаќање дека рагбито повеќе не е она што треба да го прави и дека „напуштањето е терапевтско“.