Страв ми е дека после оваа шанса, ќе има се помалку политички капитал, енергија, храброст за решавање на спорот со Бугарија, рече Османи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека страв му е дека после оваа шанса, ќе има се помалку политички капитал, енергија, храброст од било кој политичар за решавање на спорот со Бугарија.

Според него, ќе се чека од Европската Унија да каже што понатаму бидејќи ние сме направиле се што сме можеле и не можеле.

„Целиот свет знае што ние направивме, така да топката веќе не е во наша половина“, вели Османи.