Страв од коронавирус во Приштина, жена се пријавила на клиника

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство на Косово Арбен Витиa одржа вонредна прес конференција после информацијата дека една особа е примена на Клиниката во Приштина, поради страв од коронавирус.

Тој истакна дека е во прашање жена, но додаде дека симптомите не укажуваат на коронавирусот.

„Не сакаме да предизвикуваме паника. Станува збор за странски државјанин кој работи во Косово. Личноста престојувала во скијачки центар, со уште пет лица. Има блага кашлица, но без присуство на грозница и други симтпоми. Веднаш ги информираше властите и се јави во болница. Примена е на инфективно“, рече Вити.

Тој истакна дека резултатот дали ќе биде позтивен или негативен ќе биде познат вечерва до 23 часот.