Во Струга и Охрид има недостиг од готвачи и келнери. Работници од секторот на угостителството од овие два града, токму во лето одат во Хрватска за подобри услови и плати. Таму платата за еден келнер, со храна и платено сместување се движи од 800 до 1100 евра! Готвачите примаат и повеќе. Готвач или главен готвач добива од 1800 до 3000 евра. Ова го тврди готвачот Никола Петревски од Струга кој пред три месеца отишол во Хрватска а го затворил неговиот бизнис во Македонија.
Тој вели дека секој ден на хрватското крајбрежје пристигнуваат млади од Македонија, Готвачи, келнери, шанкери и служители.
Одлучувачко за масивно заминување на професионалци од овој сектор во последниве години е повисоката плата. Тие велат дека за една сезона во Хрватска заработуваат колку за цела година во Македонија.
Хотелите и рестораните на брегот на Охридското езеро во Охрид и Струга се трудат да најдат персонал за ова лето. Сезоната е во ек но нема работници. Нема интерес и за проектот НОТАМ за дополнителна сезонска работа во угостителството. Недостигаат над 1000 работници.
