Струга преполна со печалбари и туристи: Има неискористен потенцијал, сезоната треба да се продолжи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во екот на летната сезона, градот на мостовите е преполн со посетители.

Најголем дел од нив се печалбари, кои годишните одмори редовно ги поминуваат во родниот крај.

Има туристи и од Холандија, Полска, Албанија, Косово и Турција. Оние кои се занимаваат со туризам велат дека Струга има голем потенцијал и треба да се работи на развој на алтернативниот туризам.

Печалбарите трошат големи суми во родниот крај. Многу трошат за две или три недели одмор.

„Трошоци? Колку сакаш, прашај колку малтретирања имаме, а не трошоци. Ние правиме трошоци но не знаеме зошто. Овој голем проблем не се решава.“, вели печалбар.

А за да се продолжи туристичката сезона во Струга, потребно е да се работи во развојот на културниот туризам, преку организирање на манифестации.

Туристите се задоволни од Струга, но сите се согласуваат дека треба да работат за продолжување на сезоната преку организирање на разни манифестации во градот.