Струга со нови активности за летнава сезона – кампинг во дрвени куќички и кајакарење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Укинувањето на мерката за носење маски и останатите ограничувања, ги наполни сместувачките објекти во Струга.

Според хотелската асоцијација, полни се и хотелите и приватните сместувања покрај езерото. Полн со туристи е и градскиот камп. Најголем интерес има за куќичките на дрво.

Туристичките работници очекуваат закрепнување и враќање на туризмот како пред пандемијата.

Струга за туристите годинава нуди активен туризам, нуркање, веслање, параглајдинг и велосипедизам.

Новиот тренд е „глампинг туризам“ – спој на гламур и кампување. Покрај дрвените куќички, градскиот камп нуди современо уредени шатори и простор за странските приколки.