Македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ не успеа да стане втората екипа од Македонија која ќе се пласира во групната фаза на едно европско натпреварување. Стружани на реваншот на Исланд против Бреидаблик отпатуваа со негатива, а го загубија и вториот натпревар со 1-0.
Голот беше постигнат уште во 3. минута кога Еинарсон по една соло акција успеа да го совлада Ќосевски, и тоа беше конечниот резултат на средбата.
Така Бреидаблик со вкупни 2-0 се пласираше во групната фаза од Лигата на Конференции.
