Струга ТЛ против Жалгирис во Лигата на шампионите, македонските екипи во Лигата на конференции ги добија противниците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонскиот фудбалски првак Струга ТЛ го доби Жалгирис за противник во 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Според ждрепката, Стружани во првиот меч треба да бидат гости, а на вториот домаќини.

И трите тима кои ќе настапуваат во Лигата на Конференции ги добија своите противници. Шкендија го доби тимот на Хавердфорвест Каунти од Велс, а Шкупи за противник доби тим од Литванија во името на Хегелман. Македонија ЃП за ривал во 1. квалификациско коло го доби тимот на РФС Рига од Летонија.